Вулкан еруптираше на источнокарипскиот остров Свети Винсент, пишува Би-Би-Си.
Откако во четвртокот се засили вулканската активност на Ла Соуфрир и вулканот започна да исфрла големи количини пепел, повеќе од 16.000 жители итно беа евакуирани.
Евакуираните лица привремено биле згрижени на бродови за крстарењеи и на побезбедни делови на островот.
The La Soufriere volcano in St Vincent has moved into an explosive state. pic.twitter.com/TxRl2O8eDE
— Jamaica Observer (@JamaicaObserver) April 9, 2021
Тоа е прва вулканска ерупција на Свети Винсент од 1979 година. Најлошота била забележано во 1902 година, кога загинале над 1.000 луѓе.
Како што падна мрак во четвртокот, на Ла Соуфрир стана видлива купола од лава, знак дека наскоро ќе еруптира.
Нешто пред 9 часот наутро во петокот, сеизмолозите од Универзитетот на Западна Индија потврдија дека во тек е „експлозивна ерупција“.
It's an Easter tradition for many Vincentians to hike to the summit La Soufrière. This year due to the current effusive eruption, access to the volcano is prohibited but we're happy to share footage taken by Prof Robertson along the summit that shows the new dome. #svg #uwi pic.twitter.com/tnroAvjY3p
— UWISeismic Research (@uwiseismic) April 2, 2021