ЕРУПЦИЈАТА ГО ОПУСТОШИ ОСТРОВОТ: 185 уништени згради на Ла Палма, постои опосност од ТОКСИЧНИ ИСПАРУВАЊА И ЦУНАМИ

од Vladimir Zorba

Ерупцијата на вулканот во Ла Палма на Канарските Острови уништи 185 згради, од кои 65 приватни куќи и уништи земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот.

Вулканската лава изолираше околу 400 хектари земја на која годишно се произведуваат 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува La Vanguardia.

Најпогодени општини се Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан.

Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земја во Ла Палма.

Покрај материјалната штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта и цунами, пренесува El País.

Во вторникот попладне се одржа состанок меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, по што тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да избегнуваат користење патишта.

Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.

Лавата, исто така, уништи помеѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.

Слични содржини