„Ерусалим пост“: Србија нема да ја премести својата амбасада во Ерусалим ако Израел го признае Косово

од Vladimir Zorba
241 прегледи

„Признавањето на Косово како независна земја од страна на Израел ќе ги влоши односите со Србија, и покрај фактот дека тоа е во рамките на договорот што Белград и Приштина го потпишаа во Белата куќа“, изјави извор близок на српскиот претседател Александар Вучиќ за „Ерусалим пост“ во средата.

„Србија нема да ја премести својата амбасада во Ерусалим ако Израел го признае Косово како независна земја“, рече изворот, кој е запознат со договорот потпишан во Вашингтон“, се вели во текстот.

„Покрај тоа, овој потег на Израел би им наштетил на инаку добрите односи меѓу Израел и Србија и тие никогаш нема да бидат исти. Тоа е толку едноставно“, изјави извор близок до Вучиќ.

Слични содржини