Директорски позиции за Виктор Димовски и на поранешниот пратеник Есад Рахиќ.

Oдлуките за двајцата попладнево поминаа на седница на влада, и се предвидува поранешниот разузнавач и досегашен државен секретар во МНР Димовски да седне на челната позиција во новоформираната агенција за национална безбедност. Есад Рахиќ пак е новиот директор на истражниот затвор во Шутка.
Рахиќ доаѓа на местото на досегашниот директор Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во дворот на затворот.
Тој беше пратеник на СДСМ од 2002 до 20006 година кога беше исклучен од партијата.
Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност пак Виктор Димовски зад себе има дведецениска кариера како дипломат, а покрај позицијата државен секретар во МНР, во минатото бил амбасадор во Србија и Црна Гора и Израел./Kanal 5