Есенски бакнежи, прегратки се одржува 12 години, Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот

од Берта Китинска

Што се случувало во извидниот дом во Градовци, истражува Обвинителството. Побарло од полицијата да ги повика на разговор организаторите на настанот, но како што велат, законот не дозволувал да се споделат детали бидејќи било предистражна постапка.

Од „Прв Скопски Извиднички Одред“ не негира дека се случил ваков настан но жалат што ваква медиумска покриеност не се случила кога, како што велат дека организирале многу крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога подигнувале свест за заштита на животна средин и ја пошумувале и чистеле државата од отпад.
За конретниот настан оттаму велат дека манифестацијата „Есенски бакнежи“ прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

-Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.

Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.

Но, родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.

Активностите на кампот вклучувале соблекување на облеката и прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, боење на полови органи, пеење песни во долна облека.

Градот го раскина договорот со „Прв Скопски Извиднички Одред“ а од МВР велат извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител.

Од „Меѓаши“ ги повикуваат институциите да го истражат случајот, но и апелираат до родителите за внимателност. Во тема на денот, Змијанац, вели мора родителите да знаат какви активности ќе имаат нивните деца кои посетувале такви настани.

Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп во близина на Скопје, на кој според, тврдењата на родителот, малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.

Од МВР за МИА потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. МВР, како што, нагласија оттаму постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.
Во меѓувреме, градот Скопје се огради од активностите на Извидничкиот одред и го прекина договорот бидејќи претходно финансирал нивни проекти.

Фото: ФБ, PrvSkopskiIzvidnicki

 

Слични содржини