Есенскиот бран на вирусот „коси“: 88 лица починаа од коронавирус во последните 7 дена

од Берта Китинска
196 прегледи

Според статистиката на министерството за здравство изминатава недела секојдневно имаме голем број на починати лица.

  • На 20 октомври имало вкупно 4 починати лица
  • На 21 октомври имало вкупно 12 починати лица
  • На 22 октомври имало вкупно 12 починати лица
  • На 23 октомври имало вкупно 9 починати лица
  • На 24 октомври имало вкупно 14 починати лица
  • На 25 октомври имало вкупно 22 починати лица
  • На 26 октомври имало вкупно 15 починати лица

До вчера вкупно починати се 100 лица позтивни на Ковид 19.

„Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Воедно на 25 октоври беше достигна црниот рекорд, починаа 22 лица. Меѓу нив е и 36-годишно момче од Дебар. Според извештајот на ИЈЗ возраста на починатите се движи од 30 па се до 80 години, иако најголем број се тие над 60 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.

Слични содржини