Ешли Греам и сестра ѝ: Костими за капење за сите големини

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Ешли Греам се држи до мотото дека крвта не е вода и ја поврзува нејзината сестра со моден ангажман.

Двете застанаа како промотери за најдобрата кампања за Swimsuits For All за да ги претстават најновите дизајни на брендот за костими за капење во сите големини.

Самата Ешли Греам активно учествува во колекцијата, создавајќи нови модели со брендот.

Според нивните трендови, фокусот ќе биде ставен на посебните детали на оваа сезона, флоралните елементи и асиметричните акценти на едно рамо.

Се разбира, бидејќи сепак сме на морска тематика, изгледот на двете е во согласност со егзотичната морска плажа, на која се снимени кадрите.

Сестрите имаат изразен тен и локни во косата кои изгледаат како да се создадени со солена вода.

Повеќе за трендовите – проверете во фото-сесијата со Ешли Греам и нејзината сестра во нашата галерија.