284
По една година мината во Италија како член на Интер, Ешли Јанг реши да се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со Астон Вила.
Тоа е враќање на Јанг во клубот каде помина четири сезони и одигра скоро 200 натпревари.
Јанг минатата сезона одигра 34 натпревари за Интер во сите натпреварувања и постигна еден гол со четири асистенции. „Нероазурите“ му понудија едногодишен договор, но Јанг избра да се врати во Англија поради неговото семејство.
За доаѓањето на Јанг инсистираше менаџерот Дин Смит, а пред неговиот прв престој во Астон Вила, Јанг играше за Ватфорд, а по Вила Парк, тој помина девет години како член на Манчестер Јунајтед.