Ескимо торта

од desk2
1,K прегледи

Зимата е на прагот, а еве рецепт за една вкусна торта, која соодветствува со времето, барем според името.

Потребни состојки:

– 500 гр бисквити

– 1 маргарин

– 4 јајца

– 250 гр шеќер во прав

– 250 чоколада

– 250 мл млеко

– 200 гр сецкани ореви

– 5 лажици рум

– 2 кесички шлаг

Подготовка:

На пареа изматете ги јајцата со шеќерот во прав, па додајте ја исецканата чоколада и варете додека не чоколадата не се растопи. Посебно изматете го маргаринот и додајте го во изладениот крем. Издробените бисквити прелијте ги со вреелото млеко, во кое го ставивте румот. Во таа смеса ставете го изладениот крем и сецканите ореви. Обликувајте ја тортата и премачкајте ја со шлаг.