Ескобар: Албанија и Македонија беа од огромна помош околу евакуацијата на бегалците

од Nikola Popovski

САД гледаат на земјите од Западен Балкан со голема почит. Албанија и Северна Македонија беа од огромна помош помагајќи ни со евакуацијата на бегалците коишто се повлекуваа од Авганистан. Од таа гледна точка веднаш ги видовме придобивките од проширувањето на НАТО и сме им благодарни на овие земји, кажа Габриел Ескобар, заменик помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања, на Самитот на Западен Балкан, во организација на „Економист“.

Тој потврди дека САД и ЕУ се партнери во однос на политиката кон Западен Балкан.

-Нашето искуство со земјите од регионот кои се нови членки на НАТО, посебно Црна Гора, Северна Македонија и Албанија е дека се добри сојузници и дека имаат солиден придонес во нашите напори ширум светот и во регионот и ЕУ може да го очекува истото од овие земји. Гледаме на Балканот како можност за соработка и партнерство и сакаме нашите европски партнери да гледаат исто. Тоа е само мал чекор за Европа, тие претставуваат само 5 отсто од европската популација и не е голем чекор“, рече Ескобар.

Слични содржини