Ескобар: Курти не гарантира нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека не добил гаранции од премиерот на Косово, Албин Курти за посветеноста на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, односно претставување на нацрт-статутот на ЗСО на утрешната рунда дијалог во Брисел.

Во интервју за Гласот на Америка, Ескобар изјави дека не добил гаранции од Курти во неодамнешниот телефонски разговор дека е посветен на спроведувањето на договорот за нормализација и неговиот анекс, што Курти го објави во понеделникот на социјалната мрежа Х (Твитер ).

„Кога станува збор за косовската страна, тоа значи презентирање на нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство. Курти не се обврза да го направи тоа. Во суштина, она на што се обврза беше присуството на состаноците во Брисел и ништо повеќе“, рече Ескобар.

Слични содржини