Ескобар: Тензиите на северно Косово се резултат на неподготвеноста на Приштина да ја сослуша меѓународната заедница

од Nikola Popovski
651 прегледи

Ескалацијата на северот на Косово делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја сослуша меѓународната заедница, изјави за Би-Би-Си, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој додаде дека растот на тензиите на северот можел да се избегне.

„Оваа ескалација делумно е резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја сослуша меѓународната заедница. Тоа предизвика тензии, непотребно, со инсистирањето на користење на општинските згради. Има и други згради од кои може да се работи и ако ништо друго, пандемијата на коронавирус не научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, рекол тој.

Ескобар кажал и дека напорите на меѓународната заедница да се координира со косовската влада наишле на отпор.

„Немаше потреба да се оди во тие згради. Тие немаат вистинска вредност. Курти не увери дека тие градоначалници ќе вршат само основни општински задачи“, објаснил Ескобар.

Ескобар повторил дека циклусот на насилство мора да се прекине и дека двете страни, Косово и Србија, имаат одговорност да дејствуваат во таа насока. Многу членови на меѓународната заедница ја гледаат оваа ситуација како конфронтација меѓу Косово и Србија. Но, мораме да запомниме дека и овде има неуспех да се постигне етничко помирување во Косово. Ги охрабривме двете страни да се вклучат во дијалог“, вели американскиот претставник.

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, на 30 мај изјави дека поради некоординација на косовската влада со САД, во врска со акциите на северот, Приштина е исклучена од најголемите воени вежби на НАТО сојузниците на Балканот, „Defender Europe 2023“.

Политичките претставници на српската заедница во Косово ги бојкотираа вонредните локални избори на 23 април, кои резултираа со избор на градоначалници од албанската заедница во четири општини на северот на Косово.

Новоизбраните градоначалници од албанска националност во три општини на северот дадоа заклетва во алтернативни простории.

Слични содржини