ЕСМ демантира дека РЕК Битола ќе се затвори: „Мицкоски политички ги етикетира вработените“

од Nikola Popovski

АД ЕСМ најостро ги осудуваме инсинуациите за затворање на РЕК Битола кои денеска ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од таму испратија соопштение во кое порачаа дека тие нема да ги делат вработенте на подобни и неподобни.

– Во услови на енергетска криза, кога речиси и да нема земја во Европа и регионот која не е погодена од новонастанатата ситуација, АД ЕСМ ги презема сите неопходни чекори за оптимизација на работата, согласно законските можности кои ги има на располагање. Политичко етикетирање на вработените во компанијата и комбинатот и нивна поделба на подобни и неподобни никој досега ниту помислил, ниту направил. Сметаме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е првиот и единствениот кој политички ги етикетира вработените во компанијата и во комбинатот, со што ги поткопува напорите на менаџмантот за справување со енергетската криза, велат од АД ЕСМ. 

Додаваат и дека РЕК Битола ќе продолжи да работи без разлика на енергенсот што ќе го користи за производство на струја, а јагленот ќе се користи за производство на струја се додека струјата произведена од јаглен е економски исплатлива.

Мицкоски денеска изјави дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси, кога станува збор за заштитата на животната средина и почистиот воздух.

Слични содржини