237
Единсон Кавани постигна договор со Манчестер Јунајтед и ќе стане второто ново засилување на „црвените ѓаволи“ по Дони ван де Бик.
Според „ЕСПН“ и „Мирор“, двете страни се договориле попладнево, а утре поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен ќе отпатува за Манчестер да ги мине лекарските прегледи.
Официјалниот трансфер најверојатно ќе биде објавен во понеделник, иако во добри околности ова може да се случи утре.
Кавани (33) е слободен играч од ова лето откако му истече договорот со ПСG и Уругваецот одби да ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со парискиот тим. Атлетико Мадрид беше заинтересиран за него. Јувентус и Бенфика.