Французите во просек читаат книги само две минути дневно, Италијанците, Австријците и Романците пет минути, објави Европската статистичка служба по повод Светскиот ден на книгата. На другата страна на листата се Естонците кои читаат во просек по 13 минути, а по нив следуваат Финците и Полјаците, покажува истражување спроведено меѓу 2008 и 2015 година во 15 држави од ЕУ, а кое ги вклучува и Норвешка, Србија и Турција.

Според Евростат, домаќинствата во ЕУ во 2016 година потрошиле повеќе од 90 милијарди евра или 1,1 отсто од вкупната потрошувачка на книги односно 0,6 отсто ДБП во ЕУ. По жител, тоа е околу 200 евра за книги и весници.