Естрадата се простува: Почина музичарот Денис Демиров

од Nikola Popovski

Денес почина музичарот Денис Демиров од Скопје. Естрадата и неговите блиски пријатели на социјалните мрежи освен што ја споделија веста и во неверување се простуваат со музичарот. Тој долги години беше гитарист во групата ,,Газоза бенд”, а почина утрово на 38-годишна возраст.

Веста за смртта ја споделија и внукот на Есма Реџепова, Симеон Атанасов, како и Џамбо Агушев. Според кажаувањата на неговите блиски пријатли, Денис починал починал дома, во сон. Тој предходно имал проблеми со
шеќерот и висок крвен притисок.

Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.

Слични содржини