ЕУ бара од албанските партии да започнат веднаш со излегувањето од кризата

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Кристијан Даниелсон  ги  поздрави во Тирана политичките лидери за “манифестација на демократска зрелост”.

Началникот на Дирекцијата “Политика за соседството и преговори за проширување” на Европската комисија, Кристијан Даниелсон ги поздрави синоќа во Тирана политичките лидери на земјата за “манифестација на демократска зрелост” и повика на спроведување на постигнатиот политички договор.

Ова се случува само еден ден откако водачот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама и главата на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша постигнаа договор за надминување на политичката криза и одложување на парламентарните избори од 18 јуни за 25 јуни.

“Од големо значење е без никакви проблеми да се исполни договорот постигнат меѓу Социјалистичката и Демократската партија и да започне процесот на започнување на клучните реформи во судскиот систем, кои се клучни за патот кон ЕУ”, рече Даниелсон.

Тој се состана со премиерот Рама, со министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, на економијата – Милва Економи и на евронтеграцијатата – Клајд Гоша, како и со новоизбраниот претседател Илир Мета и опозиционери Лулзим Баша. Тие разменија мислења околу подготовките за самитот во Трст и подготвеноста на Европската комисија да ја поддржи имплементацијата на владиниот план за борба против производството и трговијата со дрога.