ЕУ бара широка поддршка за европската агенда, со други зборови широка коалиција во новата Влада!

од Vladimir Zorba
119 прегледи
Европската Унија не сугерира кој треба да влезе во новата Влада во Македонија, ама меѓу редови форсира Влада со широка поддршка во парламентот за да остане земјата на евроатлантскиот пат. Оваа пораката на Брисел,ја изрецитира и новиот  евроамбасадор  во Македонија Самуел Жбогар.

„Тоа зависи од партиите во парламентот да решат каква коалиција ќе формираат, ние немаме став за тоа. Она што е во интерес е силна коалиција во поширока смисла, што значи и владата и опозицијата да ја поддржат европската агенда. Во тој контекст гледаме една силна Влада која ќе притиска и ќе работи на ЕУ агендата и ќе направи напредок. Таква агенда ќе и треба широка поддршка, не само од партиите во владината коалиција, туку и од опозицијата“, изјави Жбогар.

Жбогар потврди дека еврокомесарот Хан доаѓа в четврток во Скопје, каде што освен учеството на балканската конференција за енергетика ќе има и билатерални средби со политичките лидери. Хан ќе излезе веројатно со малк помека порака за јавност, а зад затоврени врати ќе ги почекаме брифинзите на политичките партии

 

 ВМРО-ДПМНЕ засега игра тврдо , откако пропадна мандатот за влада со ДУИ. Тие истакнаа дека се враќаат на позициите од протестот пред ДИК, а тоа значи не признаваат ништо освен победа, и бараат странците да си ја гледаат својата работа , да не се мешаат.

Такви се пораките и од последната средба со амбасадорката на ОБСЕ Нина Соумалаинен со лидерот Никола Груевски. Стана практика освен со рускиот амбасадор, ВМРО ДПМНЕ да објавува речиси стенограми- соопштенија  од средбите  со  „душмнаските“ дипломати за што се се разговарало. Тка почна со американскиот амбасадор, па со германскиот и сега со  ОБСЕ.

Во последното соопштение  е прераскажан целиот разговор во кој амбасадорката прашала дали ќе прифатат  Влада до колку ја формира СДСМ. И било одговорено дека тоа би била одлука без партијата победник на изборите и затоа ќе се соочат со проблеми. Груевски и сопартијците не само што повториле дека има само еден принцип – победникот на формира  влада, туку и сите што им зборуваат поинаку по се ова ќе бидат  исфрлат од седиштето на партијата. 

КОАЛИЦИЈАТА СДСМ- ДУИ, НЕ Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ, ТУКУ КОГА!

„Доколку сега се отстапи од тој принцип, и  свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркани од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе отцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави.“ 

ВМРО-ДПМНЕ прв пат во ова соопштение по средбата со амбасадорката на ОБСЕ го објавува и ставот на партијата дека тие и натаму бараат нови избори, кои заради трошоците најдобро би било да се организираат заедно со локалните избори.