ЕУ договорила потенцијална набавка на 1,8 милијарди дози вакцини на „Фајзер“

од Stefanija Kuzmanovska

Денес, Европската унија потпиша голем договор за можно купување на 1,8 милијарди дози анти-ковид вакцини од компаниите Pfizer/Biontek до 2023 година, со што се зајакна нејзината поддршка за компаниите и нивната нова технологија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во порака на Твитер напиша дека нејзината канцеларија одобрила договор за „гарантирано снабдување со 900 милиони дози вакцини на компаниите Pfizer/Biontek“, со опција за дополнителни 900 милиони дози.

Новиот договор, поддржан од земјите-членки на ЕУ, вклучува не само производство на вакцини, туку и осигурување дека сите основни состојки се со потекло од ЕУ.

Европската комисија досега нарача 2,3 милијарди дози вакцини од околу шест компании.

„Ќе следат други договори и други технологии за вакцинирање“, напиша Урсула фон дер Лајен во својата порака на Твитер.

Слични содржини