ЕУ е подготвена да помогне по катастрофалниот земјотрес

од Vladimir Zorba

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ), Шарл Мишел, изјави дека го следат развојот на ситуацијата по денешниот земјотрес во Егејското Море и дека се подготвени да помогнат.

„Ние внимателно го следиме развојот на настаните околу земјотресот во Егејското Море, во водите меѓу Грција и Турција. ЕУ е подготвена да помогне“, рече Мишел во пораката на социјалните мрежи.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денес го стресе Измир и соседните турски провинции. Градоначалникот на Измир, Тунц Сојлер изјави дека близу 20 згради се срушиле за време на земјотресот кој траел од 15 секунди.

Според првичните податоци, во земјотресот во Измир загинаа четири лица, а 120 се повредени.

Слични содржини