ЕУ ги осуди експлозиите во Иран: „Насилниците мора да одговараат“

од Vladimir Zorba

Европската унија побара сторителите на двeте експлозии во кои загинаа најмалку 103 луѓе во толпата собрани за да го одбележат убиството на генералот Касем Сулејмани да бидат изведени пред лицето на правдата.

„ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени“, наведе портпаролот на ЕУ во соопштение.

„Нашите мисли сега се со жртвите и нивните семејства. Насилниците мора да одговараат“, додаде тој.

Слични содржини