Европската унија ги прошири економските санкции против Русија до 31 јануари 2019 година, се вели во соопштението на Европскиот совет. Санкциите истекуваа на крајот од јули.

Одлуката беше донесена откако францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел gi објавија на 28-29 јуни 2018 година најновите информации за спроведувањето на Минскските договори кои се поврзани со санкциите.
Мерките се насочени кон рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор, како и стоките со двојна употреба. Санкциите беа наметнати на 31 јули 2014 година за една година како одговор на дестабилизирачките акции на Русија во Украина и се проширија во септември 2014 година.