ЕУ ги продолжува санкциите за Русиja на уште шест месеци, погледнете против кого се воведени

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија ги продолжи санкциите против 177 руски и украински државјани за уште шест месеци, соопшти денеска Советот на министри на Европската унија.

– Денес, Советот донесе одлука за продолжување на санкциите против одговорните за кршење на територијалниот интегритет и независност на Украина на уште шест месеци, односно до 15 септември 2021 година. Постојните ограничувачки мерки вклучуваат забрани за патување, замрзнување на средства и забрана за располагање со средства на тие лица или групи. Санкциите се однесуваат на 177 физички лица и 48 субјекти – се наведува во соопштението пренесено од ТАСС.

Што се однесува до субјектите, Советот појаснува дека станува збор за „официјални тела и безбедносни агенции на самопрогласената Република Доњецк и Луганската народна република (ДПР и ЛПР).

Одлуката е донесена без расправа.

ЕУ започна да воведува санкции за Русија во 2014 година, како дел од трите пакети казнени мерки против Москва, а санкциите се однесуваат и на граѓани на Крим и на компании.

Слични содржини