ЕУ го осуди обидот за труење на Навални

од Nikola Popovski
176 прегледи

Европската унија го осудува она што изгледа како напад врз животот на рускиот опозиционери Алексеј Навални и инсистира на транспарентна истрага, соопштил министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

„ЕУ категорично го осудува она што изгледа како напад врз животот на Алексеј Навални. Руските власти треба да покренат независна и транспарентна истрага што е можно поскоро“, соопштил Борел во писмената изјава.

Тој верува дека „рускиот народ, како и меѓународната заедница, бараат факти за труењето на Навални. Тие што се одговорни мора да бидат повикани на одговорност“, рекол Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ посака брзо и целосно закрепнување на рускиот опозициски лидер, кој беше префрлен во Берлин на лекување.

Слични содржини