Европските лидери одлучија да го повикаат амбасадорот на ЕУ во Москва за консултации за случајот Скрипал, објавија новинските агенции.

Одлуката беше донесена синоќа на самитот на ЕУ во Брисел. Разговорите продолжија до крајот на таа ноќ.
Отповикувањето на амбасадорот – германскиот дипломат Маркус Едерер, е симболичен гест на солидарност со Велика Британија во конфликтот со Москва во врска со атентатот врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Веста беше објавена од страна на холандскиот премиер Марк Рут.