ЕУ гради квантна комуникациска инфраструктура, но доцни зад Кина

од desk2
136 прегледи

Претставници на седум земји на ЕУ потпишаа декларација со која се обврзуваат заедно да развијат квантна комуникациска инфраструктура во следните десет години.

Потписници на декларацијата се Белгија, Германија, Италија, Луксембург, Малта, Холандија и Шпанија.

Оваа инфраструктураби овозможила и чување на ултрасигурни информации и податоци и поврзување на комуникацискиот инот ширум унијата.

За сега Европа доцни со развојот на квантната инфраструктура затоа што неколку земји веќе почнаа со градба на квантна инфраструктура на различни начини.

За сега, Кина е неспорен лидер во тоа подрачје, распоредувајќи континентална квантна мрежа со стотина пристапни точки, која се дели во неколку градови, а го вклучи и квантниот сателит Мициус.

Квантни мрежи се подготвуваат и во Јужна Кореа, Јапонија и САД:

Квантната инфраструктура треба да ја заштити ЕУ низ системи на шифрирање, од кибернетички напади пред се на паметната енергетска мрежа, контрола на воздушниот сообраќај, финансиската дигитална инфраструктура, дигиталната комуникација на здравстевените установи.

Таа треба да овозможи и размена на податоци на заштитен начин за заштита на податоците од државните институции.

Долгорочен план е ткн. квантен интернет, односно поврзување на квантни компјутери, симулатори и сензори по пат на квантни мрежи за сигурно да се дистрибуираат податоците ширум Европа.