ЕУ и Азербејџан потпишаа договор – двојно зголемување на количината на гас за Европа

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Европската комисија потпиша меморандум за разбирање со Азербејџан за двојно зголемување на увозот на азербејџански природен гас на најмалку 20 милијарди кубни метри годишно до 2027 година.

Претходно денеска руската компанија „Газпром“ прогласи „виша сила во снабдувањето со гас“ во Европа за најмалку еден голем потрошувач почнувајќи од 14 јуни.

Извор на „Ројтерс“ наведува дека писмото се однесува на снабдување со гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1.

„Денес, со овој нов Меморандум за разбирање, отвораме ново поглавје во нашата енергетска соработка со Азербејџан, клучен партнер во нашите напори да се оддалечиме од руските фосилни горива“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Европската унија бара алтернативни добавувачи за Русија поради инвазијата на Москва на Украина.

Слични содржини