ЕУ и САД официјално го објавија договорот за царините

од desk2
30 прегледи Фотографија: Fred Guerdin / European Commission Audiovisual Service

Сите детали на трговската спогодба меѓу САД и ЕУ беа објавени денеска, со заеднички објавеното официјално соопштение за договореното на 27 јули. Поголемиот број детали од него беа соопштени на 27 јули, но денеска се дознаа и детали за авиоиндустријата и фармацевтската индустрија.

За поголемиот дел од увозот во ЕУ ќе се применува најмногу 15% царинење. Тоа се однесува и на автомобилите и на деловите за возила од ЕУ, кои досега беа со 27,5 % царина.

ЕУ ќе ги избрише царините за американските индустриски стоки и ќе ги рашири своите пазари за американски земјоделско-сточарски стоки, се набележува во заедничкото соопштение.

Според соопштението, зделката за 15% царини е поповолна отколу за царините од голем број други земји.

ЕУ ќе ги отстрани царините за американски индустриски стоки и ќе го отвори пазарот за земјоделски, сточарски и рибарски стоки од САД.