ЕУ и САД веќе не веруваат на дадениот збор-лошото лидерство ја уништи Македонија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Политичкиот систем или начинот на неговото практицирање циклично продуцира кризи, тоа пред сѐ е поради тоа што една од партиите која добива најголема поддршка етаблира еднопартиски ситем,  и ги суспендира  извршната , законодавната  и судската власт. Клучните одлуки се носат во партискиот врв или поедноставно кажано  сѐ зависи исклучиво од лидерот на партијата на власт. Изборниот модел ја дели Македонија на  6 изборни единици , а тоа е основа за функционирање на авторитарно владење на Македонија од 1990 наваму. Овој механизам промовира лидери кои апсолутно немаат  лидерски карактеристики,  но скоро кај сите досега се манифестираше скриената желба за неприкосновено владеењевели во интервју за Локално.мк пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз Павле Трајанов

CFH_3171(1)

До колку сакаме да излеземе од кризата мора да се направат системски промени и голем дел од нив се нотирани во извештајот на Прибе, односно Европската Комисија. Во тој правец можна е демонтажа на еднопартискиот систем само до колку Македонија биде една изборна единица и се создадат услови за рамноправен политички натпревар.

Инаку ако направите анализа кој одлучува за разрешување на кризата сѐ поизвесно е дека тие најмногу се одговорни за длабоката политичка  криза и ниту еден од нив не може да биде фактор за разрешување на кризата, или носител на промени за надминување за кризата

Сакате да кажете дека без ЕК и САД и Хан како главен преговарач немаме капацитет  за излез од кризата со ова лидерство?

Веќе посочив дека генераторите на кризата не се подготвени да го променат стилот на политичко дејствување и најверојатно ќе работат на развлекување на системските промени, и ќе градат  позиции за да се одбегне нивната политичка, но и друг вид на одговорност. Јас сум убеден дека во Македонија постојат креативни сили кои што можат да направат пресврт и целосно да ги инплементираат европските вредности. До колку сакаме позабрзано чекорење кон Европската унија и НАТО, треба да им дадеме шанса на лидери кои што се растеретени од лични и теснопартиски интереси и кои немаат путер на главата.

ЕУ и другите меѓународни организации,  вклучително и САД, убеден сум дека долго време веруваа на дадениот збор, тоа време е потрошено, тие заедно со граѓаните на Македонија,  ќе бараат конкретни резултати. Тие што ќе ги опструираат демократските и евроинтеграциските процеси,  ќе бидат посочени како лидери кои  со својата деструкција ја дестабилизираат Македонија, постојано ја враќаат назад, ја потпкопуваат економската основа на државата и делат билети во еден правец за младите и перспективни кадри.

Сите овие ќе бидат поразени на предвремените избори.

целото интервју тука