Српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Брисел потпишаа пакет претпристапна помош ИПА 2018 во износ од 179,1 милион евра.

Станува збор за неповратни средства од ЕУ наменети за поддршка на Србија на патот на евроинтеграцијата.
ИПА 2018 предвидува поддршка на проекти во области од заштитата на животната средина, иновации, развој на туристичката инфраструктура, како и поддршка за ранливите категории на населението преку одржливи решенија за сместување и вработување.