EУ и Турција подготвуваат договор за мигрантите

од Vladimir Zorba

Лидерите на ЕУ денеска имаат за цел да потпишат договор со Турција, за
пари и поблиски врски во замена за турската помош за запирање на протокот на мигранти
кон Европа, пренесе агенцијата Ројтерс.

D1A729CD-6438-4EE2-811C-5081E8FE205D_mw1024_s_n

Согледувајќи ја очајната желба на Европа да најде решение за кризата, која стана голем проблем за ЕУ по пристигнувањето на речиси 1 милион лица годинава, турскиот претседател Реждеп Таип Ергоган изјави дека 28-те членки треба да излезат со финален предлог кон Турција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денес ќе се сретне со 28-те европски лидери.
Европејците, а најмногу германскиот канцелар Ангела Меркел, се под голем притисок да се справи со
најголемиот прилив на луѓе од Втората светска војна наваму.

Поголемиот дел од дојдените се во Германија, каде Меркел напорно настoјува за договор со Турција.

Мерките кои ЕУ ги презема во последниве месеци, се уште не даваат доволно резултати и додека при тешките услови во зима протокот може да се намали за неколку месеци, тоа ќе ја влоши ситуацијата на илјадници блокирани на границите на Балканот, кои дополнително ги притискаат европските лидери да најдат решение.

Слични содржини