ЕУ и Западен Балкан остануваат посветени во борбата против организиран криминал и кпрушција

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

На денешната прес конференција, министерот Кренар Лога, министерката за правда на Шпанија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Комесарот Дидиер Рејндерс изјавија дека ЕУ и Западен Балкан ги потврдија своите заложби и посветеност за постигнување напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата вклучително и преку спроведување на реформите во насока на зајакнување и унапредување на незавиноста, ефикасноста и одговорноста на правосудниот систем како предуслов за стабилно демократско општество.

Владеењето на правото е поставено високо на агендата на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

Фокусот ќе биде ставен на имплементација на препораките од Проектот за регионален мониторинг на судења на ОБСЕ и решавање на прашањата од клучните области како што е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Важноста за подобрување на ефективното процесуирање на високите случаи на организиран криминал и корупција е во насока на зајакнување на довербата на граѓаните во системот и владеењето на правото.

Изразија заедничка поддршка за заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и нејзиното право на самоодбрана од руската агресивна војна. Да го вратиме мирот преку соработка, солидарност и почитување на човековите права и владеењето на правото. Најважни се нашата безбедност и просперитет кои се тесно поврзани и не можат да опстојат доколку истите не се во меѓусебна корелација.

Слични содржини