ЕУ ја стави Македонија на црната ковид листа

од desk4
514 прегледи

Драматичниот раст на новозаразени повторно ќе ја стави Македонија на црната листа на ЕУ. Унијата презеде чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата за Македонија, САД, но и четири други држави.

Веста ја објави Ројтерс повикувајќи на дипломатски извори во ЕУ. Освен Македонија, на листата се најдоа и Косово, Израел, Црна Гора и Либан. Процедурата почнала вчера, а се очекува да биде потврдена в понеделник, доколку ниту една земја-членка не ја блокира.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно т.н. не-есенцијални патувања во ЕУ.

Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

Слични содржини