ЕУ ќе ѝ помогне на БиХ за справување со поплавите

од Nikola Popovski
32 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ ќе застане покрај БиХ поради поплавите што ја погодија таа земја и ќе пружи помош.

Борел на платформата „Х“ напиша дека веќе има жртви и исчезнати во „катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина“.

– ЕУ е солидарна со БиХ и дава поддршка во вонредни ситуации. Подготвени сме да помогнеме преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ – напиша тој.

Во поплавите што ја погодија БиХ загинаа најмалку 19 лица, потврдија надлежните органи, а се стравува дека бројката може да биде значително поголема.

Како што јави „N1“, според потврдени информации, од 20 до 40 лица се водат како исчезнати.

Обилните врнежи предизвикаа свлечишта и одрони во текот на ноќта од четвртокот кон петокот, а најтешко беше подрачјето на општина Јабланица, заедно со општините Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево.

Слични содржини