Европската унија може да ги замрзне преговорите со Турција за влез во заедницата.
Европската унија може да ги замрзне преговорите со Турција за влез во заедницата. Ова го изјави дипломатски извор на ТАСС од Европскиот парламент.
“Брисел може наскоро да ги замрзне преговорите со Анкара за пристапување на Турција во ЕУ”, рече тој.
Според дипломатот до следниот самит на ЕУ во односите меѓу Брисел и Анкара “ќе имаат нов развој”. “Не знаеме што може да стане за овој месец во ЕУ и Турција, но развојот ќе биде уникатeн. Ако нешто не се промени на подобро, тогаш е можно на средбата во декември да биде донесена политичка одлука за замрзнување на преговорите “, појасни изворот.
Во исто време претседателот на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот Манфред Вебер изјави дека ЕП ќе инсистира на итно замрзнување на преговорите со Анкара. “Нашиот сигнал кон Турција е јасен – преговорите за пристапување треба да бидат замрзнати веднаш”, рече тој за време на денешната пленарна седница на законодавниот орган во Стразбур. Според него оваа позиција се поддржува и од други партии во парламентот. Критички тонови кон Турција изрази и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, според која, ако Турција ја врати смртната казна, тоа ќе значи дека таа не сака да стане член на заедницата. / ТАСС