22
Европската комисија (ЕК) објави дека е очекувано денешното стопирање на испораките на руски гас за Европа преку Украина и дека ЕУ се подготвила за тоа.
Портпаролот на ЕК рече дека европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за да обезбеди гас од други земји освен Русија до Централна и Источна Европа преку алтернативни рути.
Портпаролот истакна дека Европа е зајакната со значителни нови капацитети за увоз на течен природен гас (LNG) од 2022 година, објави Ројтерс.