Европската унија му се закани на „Твитер“ со забрана доколку Маск не се придржува до строгите правила за модерирање на содржината, со што започна регулаторна битка за иднината на платформата за социјалните медиуми
Шефот на индустријата на ЕУ, Тиери Бретон, ја упати заканата за време на видео-состанокот со Маск во средата, објави „ФТ“, цитирајќи луѓе запознаени со разговорот.
Бретон му кажал на Маск дека мора да се придржува до списокот на правила, вклучително и отфрлање на „произволен“ пристап за враќање на забранетите корисници и согласност за „сеопфатен независен преглед“ на платформата до следната година.
Бретон претходно го повика Маск да ги почитува важните правила на ЕУ против говорот на омраза и дезинформациите на интернет. Слични коментари даде и шефот на правосудството на Европската комисија, Дидие Рејндерс.