ЕУ: Не е предвидена меѓувладина конференција оваа година за Македонија и Албанија

од Nikola Popovski

Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) успеаја да постигнат компромис за заклучоците за проширување, но амбицијата за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана не е дел од нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе започнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана.

Европската комисија и Советот на ЕУ изразија задоволство за компромисот постигнат во делот на проширувањето и го нарекоа „ремек дело на способноста на ЕУ да изгради компромис“, како што изјави потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јоурова.

Во крајните заклучоци е отстранета експлицитната референца што ги поврзува процесот на проширување за Северна Македонија со имплементацијата на Договорот со Бугарија, меѓутоа оваа референца е присутна и во самата преговарачка рамка, како што објаснуваат дипломатите што имале увид во рамката.

Слични содржини