Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651 000 дози вакцини Фајзер и Бионтек во шест земји од Западен Балкан од мај до август, од кои 119.000 се наменети за Србија.
„Со оваа иницијатива покажавме дека не сакаме регионот на Западен Балкан да заостанува зад Европската унија“, рекол австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Европската комисија во јануари претстави план за механизмот за дистрибуција на вакцините, а Австрија потврди дека таа ќе биде координатор на таа помош за Западен Балкан и дека оваа дистрибуција може да ја следат и други.
Австрискиот министер исто така рече дека вредноста на испораката е 11 милиони евра и дека вакцините ќе се плаќаат од фондовите за помош на ЕУ на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Унијата.
„Ова нема апсолутно никаква врска со обезбедувањето вакцини за Австрија или за другите земји на ЕУ“, рече Шаленберг, чија влада се соочува со зголемено незадоволство во јавноста од бавното темпо на вакцинација.
Исто така, беше потврдено дека вакцините ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај и дека Босна и Херцеговина ќе добие 214 000 дози, а потоа следат Албанија со 145 000 и С. Македонија со 119 000 дози, додека за Србија ќе бидат наменети 36 000.