ЕУ одлучи: Македонија на списокот на БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ за патувања

од Nikola Popovski
384 прегледи

Европската унија одлучи да ја стави С. Македонија на списокот на земји кои се безбедни за патување, пренесуват европските новински агенции.

Европската комисија предложи додавање на САД, Хонг Конг, Тајван, Србија, Албанија, Макао, Саудиска Арабија и Либан на листата на земји безбедни за патување.

Според европски извори, амбасадорите на ЕУ во средата се согласиле да ги укинат ограничувањата за патување воведени поради пандемијата на коронавирус во овие земји и територии.

Јапонија, Австралија, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд претходно веќе беа на листата.

Слични содржини