ЕУ одлучи: Прифатен предлогот за ограничување на цените на руските нафтени деривати

од Nikola Popovski
173 прегледи

Земјите од ЕУ го прифатија предлогот на Европската комисија за ограничување на цените на руските нафтени деривати, објави денеска Ројтерс.

Европските дипломати соопштиле дека горните ценовни граници договорени од амбасадорите на 27-те земји на ЕУ се 100 долари за барел за премиум нафтени деривати како што е дизелот и ограничување од 45 долари за барел за производи со намалени цени како што е мазутот.

Предлогот е овие мерки да се применуваат од 5 февруари.

Слични содржини