ЕУ планира да ги префрли руските средства поврзани со Дерипаска на Рајфајзен банка

Европската унија размислува да ги искористи замрзнатите руски средства поврзани со рускиот олигарх Олег Дерипаска за да ја компензира австриската Рајфајзен банка за казната што мора да ја плати според одлуката на рускиот суд, објави денес Фајненшл тајмс (FT).

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Европската унија размислува да ги искористи замрзнатите руски средства поврзани со рускиот олигарх Олег Дерипаска за да ја компензира австриската Рајфајзен банка за казната што мора да ја плати според одлуката на рускиот суд, објави денес Фајненшл тајмс (FT).

Според нацрт-верзијата на новиот пакет санкции, ЕУ би можела да одмрзне акции во вредност од околу две милијарди евра во австриската градежна компанија Страбаг, кои претходно беа во сопственост на Дерипаска.

Акциите потоа би биле префрлени на Рајфајзен банка, која претходно беше казнета во Русија поради тужба од поранешната компанија на Дерипаска, Расперија.

Се очекува австриската банка да ги искористи средствата за да ја плати казната.