ЕУ подготвува план Б за санкциите кон Русија ако САД се повлечат од поддршката за Украина

од Марта Пешевска
40 прегледи

Европската Унија подготвува план Б за одржување на економските санкции против Русија, во случај администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и да се приближи кон Москва. Ова го изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во разговор за „Фајненшл тајмс“.

„Гледаме знаци дека САД размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите, бидејќи тоа е тешко“, изјави Калас, коментирајќи ги актуелните настани во САД. Таа додаде дека постои план Б, но нагласи дека прво треба да се работи на реализација на планот А.

Калас исто така соопшти дека се водат разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се осигура дека режимот на западни санкции против Русија ќе остане на сила, како што објави Ројтерс.

Слични содржини