ЕУ потроши една милијарда евра за згрижување на украинските бегалци

од Vladimir Zorba

Европската унија потрошила над една милијарда евра за да ги прими украинските бегалци и да ги интегрира во пазарот на трудот и социјалниот систем на блокот, откри во вторникот новиот извештај на Европската комисија.

Специјалниот советник на Европската комисија за Украина, Лодевијк Ашер, на прес-конференција во Брисел го претстави својот извештај „Интеграција на луѓето кои бегаат од Украина во ЕУ“, пренесува агенцијата Анaдолија.

Според документот, 1,09 милијарди евра од кохезионите фондови на ЕУ биле „репрограмирани за да се реши ситуацијата“ предизвикана од масовниот прилив на украински баратели на азил, особено за да им се обезбеди домување, образование и социјална поддршка, како и нивна интеграција во пазарот на труд.

Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, изјави за новинарите дека 16 милиони Украинци влегле во ЕУ од почетокот на војната во февруари 2022 година.

„Од тој број, 11 милиони се вратија (во Украина), еден милион продолжија во други земји, главно во Велика Британија и САД“, објасни таа, додавајќи дека во моментов четири милиони Украинци остануваат во ЕУ.

Таа потврди дека „има голем притисок врз некои земји-членки“, бидејќи тие мора да ги интегрираат Украинците во нивното општество и пазарот на трудот. И Полска и Германија се домаќини на милион Украинци, додека Естонија и Чешка имаат уште поголем сооднос по глава на жител, додаде Јохансон.

Слични содржини