ЕУ РЕЗЕРВИРАЛА ПОВЕЌЕ ВАКЦИНИ ОД ПОТРЕБНОТО: Познато е што ќе стори со вишокот вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Германскиот државен секретар за Европа, Михал Рот, денес изјави дека ЕУ резервирала повеќе вакцини против КОВИД-19 отколку што ќе ѝ требаат и дека вишокот ќе го подели со другите земји.

– ЕУ ќе ја задржи својата одговорност во заштитата на граѓаните и ние ќе го сториме тоа на глобално ниво – рече Рот.

ЕУ досега има потпишано договори со шест фармацевтски компании, кои произведуваат вакцини во Европа, за набавка на околу 1.360 милиони дози потенцијални вакцини против Ковид-19.