157
Загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 1.200 предвремени смртни случаи годишно во Европа кај помладите од 18 години и го зголемува ризикот од хронични болести подоцна во животот, соопшти денеска Агенцијата за животна средина на ЕУ (ЕЕА).
Во извештајот се наведува дека загадувањето на воздухот влијае на сите, но дека децата и адолесцентите се особено ранливи бидејќи нивните тела, органи и имунолошки системи се уште се развиваат.
Загадувањето на воздухот му штети на здравјето за време на детството и го зголемува ризикот од болести подоцна во животот, но децата можат малку да направат за да се заштитат или да влијаат на политиката за квалитетот на воздухот, се сугерира во извештајот.