152
Европскиот совет и Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за посилни цели за намалување на емисиите на гасови за земјите-членки, според таканаречената регулатива за споделување на напорите.
Целта на договорот постигнат синоќа е намалување на емисиите на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 40 отсто, во споредба со 2005 година, за секторите кои не се опфатени со системот на ЕУ за тргување со емисии.
Претседателот на Советот на Унијата, чешкиот министер за животна средина Маријан Јуречка, изјави дека му е драго што е постигнат брз договор токму на време за COP 27.