ЕУ усвои рестриктивни мерки против Белорусија поради нејзината вмешаност во руската агресија

од Stefanija Kuzmanovska
475 прегледи

Земјите-членки на Европската унија денеска усвоија рестриктивни мерки против Белорусија поради, како што се наведува, вмешаноста на земјата во конфликтот меѓу Русија и Украина.

„Амбасадорите на Европската унија денеска се договорија за усвојување на рестриктивни мерки, имајќи ја предвид ситуацијата во Белорусија и нејзината вмешаност во руската агресија врз Украина“, објави шпанското претседателство со ЕУ на Твитер.

Се напоменува дека поединци и субјекти се на удар на рестриктивните мерки.

Слични содржини