ЕУ воведе санкции за Роман Абрамович

од Nikola Popovski
378 прегледи

Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија.

ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина.

Унијата наведе дека Абрамович има привилегиран пристап кон „рускиот претседател Владимир Путин“ и дека „одржува многу добри односи“ со него.

„Оваа врска со рускиот лидер му помогна да го задржи своето големо богатство“, соопшти ЕУ.

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела веќе воведе санкции за Абрамович во таа земја.

Абрамович, алуминиумски магнат, беше меѓу седумте богати Руси чиј имот беше замрзнат од Велика Британија поради руската инвазија на Украина. Тој беше суспендиран и од позицијата директор на англискиот премиерлигаш Челзи.

Слични содржини