ЕУ ја повика С. Македонија да ги осуди и гони актите на омраза против бугарското малцинство

од Nikola Popovski
279 прегледи

Бугарија пред Советот за општи работи на ЕУ побарала нападите мотивирани од омраза врз етничките Бугари во Северна Македонија и кривичното гонење за нив да бидат вклучени во документот на министрите за европски прашања. Советот за општи работи ги прифатила заклучоците на бугарската страна, објави денеска агенцијата БГНЕС.

Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување во Европската унија, се нагласува во декларацијата.

Бугарската заменик-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, изрази сериозна загриженост за зголемениот број на напади мотивирани од омраза насочени против граѓани на Северна Македонија со бугарски идентитет, во врска со што била презентирана и предметната декларација.

За нашата земја, вратата на ЕУ беше цврсто затворена со години поради на ветото на Бугарија во серијата спорови за историјата, културата и јазикот.

Во јули беше постигнат договор меѓу двете земји што и овозможи на Северна Македонија да го започне процесот на интеграција во ЕУ, откако Скопје се согласи да воведе неколку отстапки, вклучително и измени на Уставот во врска со промената на статусот на бугарското малцинство.

Дополнително, за измените на Уставот на Северна Македонија е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов не е можно, поради што нема напредок во пристапниот процес.

Слични содржини